Интензивна санација на сите градски улици, најави денес градоначалникот Никола Бакрачески.
Два пожари за три дена во рамките на НП.
Ланецот Кам маркети утре 20 ти април официјално ќе го отвари затворениот зелен пазар. Единствено охриѓани во државава ќе имаат можност да пазаруваат во вистински европски амбиент, информира Александар Цуцулески, раководителот на комплексот.
Денес на итен состанок биле повикани актуелните директори на образовните институции во градов и им било наложено до утре да си поднесат писмени оставки. Од Локалната ниту потврдуваат ниту демантираат дека имало ваква средба.
Мопед вчера прегази малолетно девојче и го напушти лице местото на настанот. Тоа се случи на ул. „Карпош Војвода“, добро позната на Секторот за Внатрешни работи по низа инциденти поврзани со сообраќајната проблематика. Денес од страна на СВР Охрид пронајден сторителот.
На две локации се собира отпад од електрична и електронска опрема.
Дружба, запознавање на нови луѓе, но најважно од се, нови можности за вработување. Сето ова, благодарение на проектот за социјална инклузија на лицата со хендикеп.
Денес при изборот на неговиот прв човек имаше неколку предлози. Опозицијата даде два предлози за Претседател на совет на советници кои се од редовите на позицијата. Ако по утрото денот се познава, ќе имаме интересни седници во наредните четири години.
Започна акција за чистење на дното на охридското пристаниште од нанос кој се таложел во текот на годините.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град