Започнува ревијата на руски филмови. За љубителите на седмата уметност и бесмртните руски класици Центарот за култура Григор Прличев приредува вистинско уживање. Тематиката на филмовите е војна и мир а влезот е слободен.
Вработените од ЈП Билјанини извори не отстапуваат од своите барања.
Денеска се прославуваат 150 години од постоењето на најголемото хуманитарно движење во светот – Црвениот крст.
Со звукот на тапанот и зурлата на двете групи, „Долно“ и „Горно“ маало, започна василичарскиот вевчански карневал.
Зградата на општина Охрид, синоќа блесна во боите на ретките болести како дел од кампањата „ Ги запознаваме ретките болести 2021“ со која се дава поддршка на лицата кои боледуваат од ретки болести. Со ова општината и градот Охрид се приклучуваат кон глобалниот повик на „Еурордис“ за осветлување на локални и национални згради и споменици. Во февруари којшто е месец со најмалку денови во годината се запознаваме со нови 28 ретки дијагнози преку аудио,видео и текстуална форма со цел да се запознаеме со предизвиците со кои се соочува оваа категорија луѓе.
Стружани се поклонија пред моштите на нивниот заштитник, славниот Великомаченик Георгиј Победоносец. Пред многубројниот народ кој пристигна од сите краишта на државава по четврти пат се одржа празничната ордија во спомен на овој светец. Настанот беше збогатен со носење на моштите на св.Георгиј од дебарскиот манастир Рајчица.
Мал дефект, им отвори голем проблем на службите на МЈП „Проаква“. На ул. „Карпош Војвода три дена непрекинато се прелива чиста вода од две шахти. Од ЈП запознати се со проблемот и најавија дека деновиве ќе преземат мерки за санирање на дефектот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град