Потврдени 20 нови случаи со вирусот А (Х1Н1)

Кај 20 лица се потврдени позитивни резултати на новиот тип на вирус А (Х1Н1) во последните 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство.

maskiran
маскиран

Кај 20 лица се потврдени позитивни резултати на новиот тип на вирус А (Х1Н1) во последните 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство.

maskiranСите лица се прегледани на Клиниката за инфективни болести и се под соодветна медицинска терапија. Во моментот има хоспитализирано девет пациенти со лесна и средно тешка клиничка слика.
Министерството информира дека денеска работна средба оддржала Комисијата за пандемски грип со која раководел министерот за здравство Бујар Османи, каде се донесени препораки и заклучоци за заштита на населението од натамошно ширење на новиот тип на грип А (Х1Н1).
– Се препорачува сите ученици од средното училиште „Лазар Таневски“, кои биле на организирана екскурзија во Турција да не посетуваат настава во следните седум дена. Лицата кај кои е потврден вирусот и се лекуваат во домашни услови да останат во изолација најмалку седум дена, стои во соопштението.
Комисијата препорачува да се избегнува учество на масовни собири, како една од можностите за ширење на инфекцијата од грип и во здравствените установи да се ограничат посетите на болни лица, со почитување на мерките за заштита од интрахоспитални инфекции.
Граѓаните со симптоми на грип се советуваат веднаш телефонски да исконтактираат со својот матичен лекар, а при посета кај лекар да стават заштитна маска или марамче за да спречат ширење на инфекција кај други лица, а здравствените работници при преглед на пациенти со симптоми сомнителни на грип да носат заштитна маска, стои во соопштението на Министерството за здравство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top