„Трансфузиона хематологија и интерна медицина“ е дело кое претставува врв на кариерата на д-р Трајан Стрезоски, истакна д-р Александар Стојановиќ, на денешната свечена промоција на оваа научна студија. Авторот пак д-р Стрезоски, вели дека сакал да создаде дело кое ќе претставува прирачник на докторите во секојдневната работа за брз и адекватен третман на пациентите, во што е убеден дека успеал.
„Црвените“ успеаа конечно да се радуваат по победата над Тотенхем.
Девет медалји и Гран при награда „Златно тавче“ завршија во рацете на тројца студенти од одделот на гастрономија при Факултетот за туризам и угостителство. Вредните шефови се големо изненадување од 28-миот Меѓународен престижен натпревар во Истанбул. Наградата е гордост за студентите, но и за факултетот, кој обезбедува подобри наставни услови на гастрономскиот оддел.
Радмила Шекеринска, носителот на листата во 5ИЕ од СДСМ и коалиционите партнери денес во Охрид презентираше дел од Планот за живот во Македонија. Во него се гарантира дека со мерките кои ќе се превземат, младите од целата држава ќе останат во Македонија и тука ќе создаваат семејства, тука ќе најдат работа и тука ќе ги најдат своите шанси за успех.
Ваквата сообраќајна некултура на поединци кои ја вандализираат вертикалната сообраќална сигнализација, ги збунува возачите особено туристите. Се прави нервоза и се доведува до загрозување на безбедноста во сообраќајот на сите учесници.
Денес кандидатот за пратеник во 5ИЕ од Коалицијата за подобра Македонија, Д-р Љубен Арнаудов одржа пресс конференција на игралиштето во село Лескоец. Тој од таму порача дека ВМРО ДПМНЕ во својата програма РЕАЛНО предвидува младински проекти во сите општини на Република Македонија. Арнаудов потенцира дека младите секогаш учествувале во креирањето на политиките и во донесувањето на значајни одлуки во државава. Токму поради тоа поголем дел од програмата РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ е посветена на младите и нивниот правилен развој.
ЦИВИЛ со караван низ западна и централна Македонија. Тие ги информираат и едуцираат граѓаните што треба да направат доколку збележат неправилности во предизборниот процес и за време на самите избори. Нивните набљудувачи досега констатирале голем број прекршувања на предизборните правила. Сметаат дека изборите ни од далеку нема да бидат фер и демократски.
Мостот на уметноста на реката Сена е познат по своите катинари на љубовта
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град