Оштетени и испревртени сообраќајни знаци на охридските улици

Ваквата сообраќајна некултура на поединци кои ја вандализираат вертикалната сообраќална сигнализација, ги збунува возачите особено туристите. Се прави нервоза и се доведува до загрозување на безбедноста во сообраќајот на сите учесници.

 |  Валентина Неловска  | 

Оштетена и испревртена сообраќајна сигнализација е се почеста слика низ охридските улици. Ова се случува во летната сезона кога во градот има  домашни и странски гости кои дошле на летување со сопствени возила. Возачите наидуваат на крстосници каде што се збунети од обоените, излепени или испревртени сообраќајни знаци. Во таквите ситуации се доведуваат во опасност себе си и останатите учесници во сообраќајот, а се покажува и нашето ниво на сообраќајна култура, напоменува за овие состојби дипломиран сообраќаен инженер, Соња Шикалоска.    

Се е намерно и не е случајно. Некој да бои знак покажува колку сме некултурни во сообраќајот. Културата во сообраќајот е почитување на сообраќајните правила и прописи, а тука спаѓа и нашиот однос како учесници  во сообраќајот кога наидуваме на таква сигнализација, а сите сме учесници во сообраќајот – вели Шикалоска.

Оштетените и превртени сообраќајни знаци кои не даваат целосен приказ на правецот на движење на улиците се секојднавна појава. Таквите знаци се среќаваат на крстосницата на Булевар Туристичка со улицата Даме Груев, кај централната детска градинка, во близина на хотелот Палас. Шикалоска упатува апел да се стави крај на уништување на сообраќајните знаци.  

Да не се оштетува сигнализација затоа што секој оштетен знак или украден сообраќаен знак значи загрозување на човечкиот живот. 2:24 лепи 2:48 Доколку сакаме да имаме јасна слика на една сообраќајна крстосница треба да имаме целосно поставена сигнализација за да не доаѓа возачот во дилема каде треба да продолжи со движење – додава Шикалоска.

На охридските улици има појава на оштетување и на сферните огледала кои им помагаат на возачите да се вклучат на крстосница од споредна улица каде што нема прегледност. Ваквиот вандалски однос кон сообраќајната сигнализација не само што ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот туку го оптоварува и општинскиот буџет кој се полни од џебот на граѓаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top