Модернизација на охридскот шеталиште предвидува Развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2016 год. Општината тоа ќе го прави со средства од сопствениот буџет. Охридските социјалдемократи пак, сметаат дека со тие средства треба да се санира атмосферската канализација.
Сезоната на грип годинава започна порано од вообичаено. Во Охрид секој ден расте бројот на заболени. Докторите советуваат да се делува превентивно, а при лекувањето оваа сезона не се користи Тамифлу бидејќи го нема во државава.
Последната минута од овој месец ќе трае подолго од вообичаеното
Оваа година минимален е бројот на лица кои се лизнале и паднале на мраз, во споредба со минатите години. Додека пак тоа не може да се констатира и за бројот на лица кои имаат грип или некоја друга вироза, чија бројка ја надминува нормалата, велат одговорните на охирдските здравствени установи.
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со донесениот заклучок на Владата на Република Македонија во врска со акцијата “Ден на дрвото-засади ја својата иднина” којашто се спроведе на 27.11.2013 година (среда), овој неработен ден ќе се одработи на30.11.2013 година (сабота).
Дефекти на водомери се најчестите интервенции на екипите на МЈП Проаква Работна Единица Водовод. За тоа се виновни ниските температури кои деновиве го зафатија регионов. Граѓаните кои не успеаа на време да ги заштитат броилата, а се соочуваат и со проблемот на замрзнати водоводни цефки да не се обидуваат да ги одмрзнуваат со загревање, велат од Водовод.
Погледнете во ноќното небо. Пред вас, позади вас, околу вас се протега црно платно со безброј со топчиња светлина.
Кај некогашното Поштенско одморалиште предвидено е изградба на хотел. Но работите сеуште не се прецизирани поради одредени забелешки на Министерството за образование, открива првиот човек на градот Никола Бакрачески.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град