Ниските температури ги зголемија дефектите во водоводната мрежа

Дефекти на водомери се најчестите интервенции на екипите на МЈП Проаква Работна Единица Водовод. За тоа се виновни ниските температури кои деновиве го зафатија регионов. Граѓаните кои не успеаа на време да ги заштитат броилата, а се соочуваат и со проблемот на замрзнати водоводни цефки да не се обидуваат да ги одмрзнуваат со загревање, велат од Водовод.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Ниските температури кои во вечерните часови достигнуваат до дваесеттина степени под нулата ги зголемија водоводните дефекти во градов. Смрзнати и испукани водоводни цевки, пукнато стакло на водомери во куќите, зградите, се најчестите дефекти кои предизвикуваат штети кај многу охридски семејства велат од МЈП Проаква Р.Е.Водовод Охрид. Влатко Иваноски раководителот на дистрибуција на вода вели дека дневно имаат над 10 интервенции.

„Се работи за водомери кои што не се доволно заштитени, пожелно би било водомерите да се покриени со стиропор со ткаенини, имаме проблеми и со замрзнати вертикали по згради, куќни инсталации низ домаќинствата.Пожелно е доколку имаат вода да се пуштат чешмите по малку да течат за да не дојде до замрзнување, бидејќи проблемите се најчесто во ноќните часови кога не се користи вода тогаш може да дојде до замрзнување на овие поларни температури“.

Во оние домаќинства каде што веќе замрзнале водомерите екипите на МЈП Проаква не можат многу да направат, вели Иваноски.

„Ќе мора температурите да пораснат и да дојде до само топење одмрзнување. Има некои што греат, но тука може да дојде до поголем проблем односно да пукне цевка. Препорачувам граѓаните доколку им замрзне водоводната мрежа на своја рака да не преземаат интервенции, туку да почекаат темепературите да се зголемат и да оставаат чешма по малку да тече

Иваноски кажува дека дефектите допрва следуваат. Очекуваат поголем број на дефекти, но нагласдува дека нивните екипи се подготвени работат во смени и на повик онаму каде што ќе се наложи потреба.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top