Неколку месеци ул „Карпош Војвода“, во Охрид која важи за една од пофрекфентните улици во градов не е санирана. На повеќе места на трупот на патот има големи коловозни дупки. Возачите велат дека трпат штети од честите поправки на своите автомобили и бараат надлежните да посветат повеќе внимание на овој проблем со патната инфраструктура во градов.
Најголемата фаворитка за освојување на златниот медал во Ванкувер на Зимските олимписки игри Американката Линдзи Вон не дозволи изненадување и триумфираше на спуст патеката во „Вистлер центарот“.
Најмалку четири лица загинаа во силното невреме кое вчера го погоди Истанбул и други делови од Турција.
Започна новиот циклус од програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности) која веќе 12 години се реализира во Црвен крст Охрид како дел од националната програма на Црвен крст на Р.Македонија.
АТВА Хоум Центар пристигна и во нашиот град. Во новиот продажен центар можат да се најдат најразлични производи за домаќинство како и инвентар за кујна и дневна. Покрај богатиот асортиман и квалитет оваа продавница се издвојува и по ниските цени на производите.
Охриѓани денес имаа можност да се информираат како да добијат бесплатна правна помош доколку им бидат повредени човековите права. Отворена е и бесплатна телефонска линија каде сите граѓани кои сметаат дека им се нарушени основните човекови права можат да се јават и да побараат помош. Проектот е на УСАИД и македонското Здружение на млади правници.
Градежен шут и комунален отпад секојдневно се одлаг на улицата „Јордан Мијалков“. Жителите од оваа населба велат дека местото е претворено во вистинска депонија. Ја известиле Локaлната за овој проблем и чекаат решение. Но, од таму кажуваат дека не можат да исчистат толку колку што несовесните граѓани валкаат.
Грчкиот премиер најави дека граѓаните ќе одлучуваат за пакетот реформи
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град