Линдзи Вон стана олимписка шампионка во спуст

Најголемата фаворитка за освојување на златниот медал во Ванкувер на Зимските олимписки игри Американката Линдзи Вон не дозволи изненадување и триумфираше на спуст патеката во „Вистлер центарот“.

 |  Маја Савиќ  | 
Lindzi Von
Линдзи Вон

Lindzi VonНајголемата фаворитка за освојување на златниот медал во Ванкувер на Зимските олимписки игри Американката Линдзи Вон не дозволи изненадување и триумфираше на спуст патеката во „Вистлер центарот“.

Така Вон покрај светска шампионка во спуст стана и олимписка, што е и прв златен медал за САД во спуст за жени (на сите досега одржани Олимписки игри). За убедлив триумф на Американките се погрижи Џулија Манкузо со освојувањето на среброто, додека Елизабет Гергл од Австрија заврши како трета.

На крос кантри патеката на шестиот ден од Игрите беа спринтерските трки. Кај мажите во фото-финишот во еден-два победата за Русија , беше решено златото да оди на градите на Никита Кричков, а среброто кај Александар Паншински. Бронзениот медал му припадна на Петер Нортуг од Норвешка.

Ситуацијата по лошите резултати за норвешката селекција од првите денови малку ја поправи Марит Бјерген со победата во женскиот спринт. Но, и тоа е далеку од амбициите на норвешкиот тим бидејќи ова за нив беше само прв златен медал до сега на Игрите. Среброто го освои Јустина Ковалчук од Полска, а бронзата и прв медал за Словенија донесе Петра Мајдич.

На патеката од 1.000 метри во брзо лизгање Американецот Шани Дејвис го одбрани златниот медал од Торино, победувајќи ги Тае Бук Мо од Кореја (олимписки шампион на 500 метри во Ванкувер) и сонародникот Чад Хедрик, додека без медал од 4-6. место останаа тројцата лизгачи на Холандија.

На шорт трек патеката на 500 метри кај жените Менг Ванг од Кина го потврди првото место од Торино 2006 година и ја задржа титулата олимписка шампионка. Радост за домашните фанови донесе Мариане Сент Желе од Канада која го освои сребрениот медал, а бронзата и припадна на Ариана Фонтана од Италија.

Браќата Андреас и Волфганг Лингер од Австрија со златен олимписки медал ја завршуваат кариерата. Тие постигнаа најдобар резултат на патеката за санкање и го одбранија златото од Торино. Првиот медал на Игрите во Ванкувер го освои и Летонија – сребрени во санкање станаа браќата Јурис и Андрис Сич, додека олимписките шампиони од Солт Лејк Сити 2002, Германците Патрик Леитнер и Александар Риш ја освоија бронзата.

За комлетна доминација на Американците на шесттиот ден се погрижи и сноуборд идолот Шон Вајт – и тој го одбрани златниот медал од Торино. Втор на крајот од натпреварот беше Пету Пироинен од Финска, а трет заврши Американецот Скот Лејго.

Американците водат со 14 медали (на шесттиот ден освоија 6) 5 златни, 3 сребрени и 6 бронзени. Германија е втора со 10 (3-4-3).

На хокеарскиот турнир се одиграа натпреварите: Чешка – Словачка 3:1 (Б група) и Финска – Белорусија 5:1 и Шведска – Германија 2:0 (Ц група).

Денеска на Игрите во Ванкувер на седмиот натпреварувачки ден ќе бидат поделени медали во следниве дисциплини: биатлон 15 километри жени и 20 километри мажи, супер комбинација жени, брзо лизгање 1.000 метри жени, уметничко лизгање мажи и сноуборд халфпајп жени.
{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top