На 27 јануари во 1954 година, во Берово е забележана температура од -31,5 степени, а на истиот датум, во Битола се измерени -29,5 степени. Тоа се апсолутно најниските досега измерени температури на воздухот во Македонија.
Во дворот на основното училиште „Братство и Единство“ не се гледа прст пред око. Нема осветлување па децата кои се втора смена мора да се снаоѓаат за да минат низ него. Родителите бараат под итно да се реши овој проблем. Од Локалната велат дека веќе се преземаат мерки за поставување столбови за осветлување.
Магазинот “DigitalSpy” ги прогласи актерите Рајан Гослинг и Џенифер Лоренс за најсекси славни личности во 2013 година, според анкетата во кои учествуваа неколку десетици илјади читатели.
Каде ЈП Охридски Комуналец потроши 10 милиони денари, средства кои се прикажани во извештајот за реализација на програмата за животна средина и природата за 2016 година, побараа одговор советниците од социјалдемократскиот сојуз на последната седница на Совет. Конкретен одговор од Сектор за животна средина, не добија.
Во крајбрежниот појас кај Подмоље се опожарени 10 хектари со трска.
Поради минирање утре во периодот од 11:00 и 14:00 часот во прекин од 10 до 15 минути ќе биде сообраќајот на магистралниот пат А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, информира АМСМ.
Кога суровата реалност ќе те разбуди од лошиот сон, остава трајни белези на остатокот од животот. Една таква зла судбина испишана на страниците од книгата „Мојот живот после изгубен живот“, денес беше промовирана во ОО на Црвениот крст Охрид. Напишана од мајката на убиеното момче Димитар Матилоски, секој што ќе ја прочита оваа книга ќе почуствува силна болка од секој стих, реченица и страна од овој дневник.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град