Коларов: На Лацио му недостасува Пандев

Александар Коларов, левиот бек на Лацио, вели дека Бјанкочелесите сеуште не можат да го надминат заминувањето на Горан Пандев.

 |  Маја Савиќ  | 
Goran Pandev
Горан Пандев

Goran PandevАлександар Коларов, левиот бек на Лацио, вели дека Бјанкочелесите сеуште не можат да го надминат заминувањето на Горан Пандев

Лацио оваа сезона игра далеку под очекувањата и се наоѓа во погрешниот дел од табелата.

Откако паднаа во зоната за испаѓање, Клаудио Лотито реши да го отпушти тренерот Балардини и на негово место да го назначи Еду Реја кој сега до крајот на сезоната ќе треба да обезбеди останување во Серија А.

За лошите резултати на Лацио, Александар Коларов вели дека главната причина е заминувањето на Горан Пандев.

Македонскиот интернационалц најпрво беше замрзнат во составот на Лацио откако одби да го продолжи договорот а подоцна по судски пат се избори за раскин на договорот и преселба во јануари во редовите на Интер.

“Проблемот на Лацио е психолошки.” – рече Коларов.

“Се започна кога Пандев замина. Тој ни недостасува особено мене. Неговото присуство беше најдобриот лек за нас.”

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top