Верските учења не дозволуваат навреда

„Да не дозволиме да се урне вековната традиција во Западна Македонија. Ниту едно верско учење, дали е тоа христијанското или пак исламот не повикува на насилие“. Ова е пораката на дебарско кичевскиот митрополит г. Тимотеј во врска последните настани во струшко, поврзани со сквернавењето на 3те христијански верски објекти.

 |  Билјана Николоска  | 
g.Timotej
g. Timotej

g TimotejДебарско кичевскиот митрополит г.Тимотеј во Лабуништа. Тој го посети храмот Св. Никола во ова струшко село, каде пред два дена избувна пожар кој ја зафати помошната просторија на храмот покривот и дел од камбанаријата. Господин Тимотеј, пред се изрази благодарност кон Бога, поради тоа што не дозволил да се уништи она што е највредното во него, иконите. Тој порача да се зачува вековната традиција на соживот.
„Апелираме како МПЦ а и го молиме севишниот Господ Исус Христос и севишниот Бог, да даде разум кај сите луѓе, да разбереме дека на овие простори во западна Македонија отсекогаш заедно живееле различни националности со различна вероисповест. Според тоа нема причина во 21 век да презентираме нешто надвор од она што било традиција со векови во просторите на западните делови на Македонија“, изјави г-дин Тимотеј.
Господин Тимотеј дециден и во ставот на МПЦ, во врска карневалите и однесувањто на верниците учесници во истиот. Тој сепак порача и до државните институции задолжени за таа област да си ја извршат својата задача.
„Ние со карневалите како со Вевчански така со Струмичкиот и Прилепскиот немаме допирни точки. Карневалите се пред се една паганска традиција која што за жал и во денешно време се употребува за исмејување на се и сешто па не е исклучена и верата“, вели владиката.
Митрополитот Господин Тимотеј не одговори на ниту едно прашање кое е вон рамките на верата и верското учење. Во едно беше дециден и порача –  сите граѓани да се вратат во нормален живот и да го испочитуваат, христијаните Христовото учење, муслиманите Коранот, односно исламското учење, бидејќи ниту едното ниту другото не повикуваат на насилие.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top