Вкупно 51 организација меѓу кои и од Струга и Охрид, се нафатија да ги решат проблемите на младите.
Црковните споменици во охридско кои датираат од 10 до 19 век се наоѓаат во лоша состојба, алармира Гоце Ангеличин Жура, историчар на уметност од Охрид. Тој кажува дека нашите рурални средини изобилуваат со споменици на културата дури и пред доаѓањето на Св.Климент во Охрид, кој изградил три колкални цркви во Злести и Издеглавје.
Четвртопласираниот на табелата во Серија А, тимот на Палермо го пречекува шампионот и водечки тим во првенството, Интер од Милано.
Утрово на градскиот плоштад е исечено стебло од повеќегодишен кедер. Општинска комисија за сечење дрва издала решение да се исече, бидејќи дрвото било исушено. Тие издале налог да се исечат и за уште неколку други исушени стебла во Охрид. Согласно законските одредби ќе бидат посадени листопадни или зимзелени дрва во близина на тие што ќе бидат отстранети или на соодветни локации во јавното зеленило.
И охриѓани ќе можат да го дадат својот потпис за поддршка на барањата на родителите на децата со посебни потреби, за законски промени и дополнувања, со кои на овие деца ќе им се овозможи соодветна здравствена и социјална заштита.
Музичката програма на годинешното 61-во издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде заокружена со Лирската вечер на фестивалски камерен оркестар и вокални солисти од Македонија под диригентската палка на маестро Паскал Галоа од Франција.
ЕДЕН: Охриѓани сакаат институциите да се грижат за заштита на природата.
Локалната стратегија и Акциониот план за одржливост на програмите за превенција на ХИВ и туберколоза во Охрид ќе биде ревидирана. Таа беше донесена во 2014та и важеше до крајот на минатата година. Бидејќи ХИВ/СИДА е глобален и сериозен проблем бара координиран и сеопфатен пристап, како на локално, така и на национално ниво, велат од Опција Охрид, граѓанско здружение кое години наназад се занимава со овој проблем.
Моделите на кои се однесува повлекувањето ја вклучува и Пирус V серијата
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град