• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Oхриѓани ќе можат да го дадат својот потпис за поддршка на барањата на родителите на децата со посебни потреби

Oхриѓани ќе можат да го дадат својот потпис за поддршка на барањата на родителите на децата со посебни потреби

И охриѓани ќе можат да го дадат својот потпис за поддршка на барањата на родителите на децата со посебни потреби, за законски промени и дополнувања, со кои на овие деца ќе им се овозможи соодветна здравствена и социјална заштита.

 |   | 

Различни сме, но еднакви. И охриѓани ќе можат да го дадат својот потпис за поддршка на барањата на родителите на децата со посебни потреби. Во тек е координација на ресурниот центар на родители на деца со посебни потреби со волонтери, невладини организации и родителите  на деца со посебни потреби,  кажа за ТВМ Горица Поповска – Нелевска Регионалниот координатор на овој Ресурсен Центар. Во текот на утрешниот ден ќе излезат со детални информации за времето и местото на собирање потписи.

Инаку, собирањето потписи е граѓанска иницијатива под мотото ”5 до 12” на родителите на лицата со посебни потреби кои две ноќи поминаа во шатори пред Собранието во знак на протест поради лошите услови со кои се соочуваат. Тие бараат поддршка од 10.000 граѓани, чии потписи ќе ги достават до Собранието, со иницијатива за законски промени и дополнувања со кои на децата ќе им се овозможи соодветна здравствена и социјална заштита и  конечно да добијат соодветен третман од државата. Поддршката пристигнува од сите страни, информираат од ресурсниот центар. Универзитетски професори, активисти и граѓани кои ги поддржуваат родителите сметаат дека  институциите не требало да ги остават родителите до степен да кампуваат за она што според нив им следува. Родителите на децата со посебни потреби најавија дека и следниот месец ќе кампуваат по три дена се до исполнување на нивните барања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top