Национален младински парламент

Вкупно 51 организација меѓу кои и од Струга и Охрид, се нафатија да ги решат проблемите на младите.

 |  Николоска Биљана  | 
americko katce
америчко катче

Младите се наоѓаат во стаклено звоно изолирани од општествените случувања. Тоа го покажаа податоците на Невладината организација Реактор- Истражување во акција, презентирани на јавни дебати, кои се одржуваат во 18 градови во земјава. Невработеноста на младите како и нивната недоверба во локалните власти дека можат да обезбедат подобро утре за младите, се доволни причини младите здружени во 51 организација да го кренат својот глас за формирање на чадор младиинска организација на национално ниво, вели Маријан Забрчанец од МОФ.
nezavisen mladinski parlament„Организација која што ќе ги застапува правата на младите во која што ќе се здружат сите форми на младински организирања од формални организации неформални групи претставници на средношколците студентите па и на подмладоците од политичките партии. Денес ќе разговараме токму за моделот на овој национален младински парламент и како тој би можел да придонесе за унапредување на позицијата на младите во општеството. Сметаме дека формирањето на национален младински парламент може да биде и одговор на актуелните случувања со  меѓуетничките тензии и појавата на насилство меѓу младите, сметаме дека една таква чадор организација која што би дејствувала на национално ниво но и на локално ниво во секоја општина, може да биде канал за насочување на идеите и енергијата на младите“, изјави Забрчанец.     
Иако државните институции не се усогласени во бројките по однос на невработеноста, таа постои и е многу голема посебно кај младите, потенцира Забрчанец. Додаде дека главниот проблем за тоа лежи во системот.
pretsedatel na MOF„Не постои канал за насочување на идеите на младите и младите се исклучени од процесите на одлучување. Непостојат локални младински совети на локално ниво, односно општините, локалните самоуправи немаат начин како да го слушнат гласот на младите и како да го земат во предвид при одлучувањето кога се одлучува за младински прашања. Друг главен проблем е и образованието, сметаме дека барем од она што покажуваат резултатите, повеќе од 80% од младите не никогаш не посетиле државна или локлана институција, а повеќе од 60% од младите никогаш не учествувале во јавна дебата или не одржале јавен говор што покажува дека образовниот процес не гради активни граѓани и нема методи со кои што им се овозможува на младите да бидат активни граѓани во ова општество“.
Jавна дебата се одржаа и младите во Струга. Покрај секојдневните известувања за конфликти, изминативе неколку дена, младите македонци, албанци и турци од Струга, покажаа дека знаат како заедно да дискутираат за заедничките проблеми, идеи и можни решенија. „Струга е мојот град“ е заедничката порака која ја упатија младите и со која се охрабруваат за понатамошен интензиран младински активизам.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top