Родителите и децата заеднички вклучени во извршувањето на спортските задачи кои им беа зададени од спортските работници кои го осмислиле проектот „Спортот и семејните вредности“. Денес во Основното училиште „Григор Прличев“ во организација на Агенцијата за спорт и млади, Сојузот на спортските федерации на Македонија и Општина Охрид се одржа спортски хепенинг кој ги воодушеви присутните.
Влашката заедница денес го одбележува Националниот ден на Власите 23 мај. Според проценките на претседателот на здружението „Луниња“, Драган Коровешоски во Охрид има околу 400 влашки семејства.
И покрај студеното време и ниските температури, фудбалерите на Воска Спорт од Охрид ги започнаа подготовките за пролетната сезона од Втората македонска фудбалска лига-Запад.
Младата популација мора да се потсетува на значењето на кирилицата. Денес во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид се одржа предавање на тема „Словенската азбука како молитва“ во чест на празникот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј.
Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на делницата Пресека-село Врбјани, утре ќе има прекин во сообраќајот од 15-20 минути, во периодот помеѓу 11:30 и 14:30 часот, информираат од АМСМ.
Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”, покрај тековните активности, во текот на денешниот ден беа ангажирани на повеќе локации. Се расчистува патот за црквата “Св. Спас” во с. “Лакочереј”, низ центарот на селото, главната улица и се до мостот, каде што се коси нараснатата трева покрај истиот пат на двете страни, со цел да има поголема прегледност и да можат да се разминат возилата кои ќе циркулираат за предстојниот празник.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град