Јун 22, 2012

Протест поради исклучена струја

Велештани, денес го блокираан магистралниот пат кон Албанија на излезот од Струга. Тоа настапи поради револт, откако синоќа на дел на мештаните им беше исклучена струјата од страна на екипи на ЕВН,поради неплатени сметки.


Авг 25, 2017

Главниот влез на училишната зграда на ОУ Братство Единство е сериозно оштетен

Главниот  влез на училишната зграда на ОУ Братство Единство е сериозно оштетен. На први септември влезната врата ќе биде затворена, а  учениците ќе влегуваат на споредната врата. Влезот е небезбеден, а тендерската постапка за санација на објектот од земјотресите е сеуште во тек.


Мај 19, 2010

Михајловиќ во пол позиција за да го наследи Мурињо во Интер

И покрај тоа што Мурињо негира дека има договор за преселба во Реал Мадрид ова лето, силно се шпекулира дека саботното финале од Лигата на Шампионите против Баерн ќе биде последниот натпревар на ’Специјалниот’ на кормилото на Интер.


Ное 26, 2021

Стабилна состојбата со ковид во струшко

Ковид состојбата во струшко е стабилна. Во модуларната блница има само 5 хоспитализирани пациенти од кои еден е на кислородна поддршка. Во пресрет на новите предлог мерки, кои предвидуваат задолжителна вакцинација на здравствените работници во струшката болница над 95 % од персоналот е вакциниран.


Авг 24, 2017

Отчет

Градоначалникот Никола Бакрачески со отчет пред граѓаните за сработеното во изминатите четири години. Денес Бакрачески во големата општинска сала пред граѓани, дел од советниците во градскиот совет, директори на јавни претпријатија и пратеници зборуваше за проектите кои ги реализира локалната самоуправа за време на неговиот мандат но и за проблемите со кои се соочува општината.


Авг 25, 2021

Воска Спорт „бомбардираше“ со голови во Гостивар

Воска Спорт на гостински терен ја победи екипата на Гостивар со резултат 0:4. Стрелци на головите беа Изаир Емини, Шпенд Асани, Бехар Фета и Албнор Каба.


Авг 24, 2017

Во охридско преполовен родот на грозјето и јаболката

Во охридско преполовен родот на грозјето и јаболката. Лозарите  ќе се соочат со намалување и на квантитетот и на квалитетот од бербата на грозјето. Пролетните мразеви  и сушата направија пустош на лозовите  и овошните насади.  Најпогодени се лозјата во атарите  на селата Требеништа, Мешеишта  Лакочереј  и  Вапила.   Во Косел пак околу 80 посто е преполовен родот на  јаболката. 


Авг 24, 2017

Не работи компјутерскиот томограф во охридската болница

Не работи компјутерскиот томограф во општа болница Охрид. Причина за тоа е откажување на рентгенската цевка поради нејзина дотраеност. Директорката Славица Малеска Стојадиновиќ, вели дека преземени биле сите неопходни мерки, за овој значаен дијагностички апарат повторно да биде ставен во функција.


Авг 19, 2015

Руската автоиндустрија пред колапс

Производителите соочени со преполовена продажба

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top