Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство во сабота на 16 септември 2017 год. ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција)
Во организација на Здружението за литература и култура „Мацково“ од Охрид, денеска и наредните два дена, се одржува Третиот Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“. Учесници се млади поетски надежи од Македонија, Србија и Албанија – со физичко присуство, уште и од Бугарија и од Босна и Херцеговина – Република Српска. Младите творци од поетскиот камп ќе ја испратат пораката дека културните вредности се безгранични и безвремени.
Охридските земјоделци и овоштари бројат загуби од годинешната реколта на храна. Повеќе од половина од житните и градинарските култури се уништени. Земјоделците повикуваат во иднина за спасот од сушата да интрвенираат институциите со изградба на мини акумулации за наводнување на земјоделските и овоштарските површини.
Пензионерите и годинава купуваат дрва на рати. Тоа им го овозможува пензионерското здружение преку Клубот на пензионери, преку кој клуб огревното дрво можат да го платат одложено на 10 рати.
Девојката му рекла дека тоа е најглупавата идеја за која слушнала, но…
Д-р. Митко Тилевски, ќе биде кандидат за градоначалник од редовите на најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ во Охрид, неофицијано дознава ТВМ ТелевизијА.
Во пресрет одбележувањето на педесетгодишнината од смртта на Милтон Манаки, организаторите сметаат дека филмските материјали иако се целосно сочувани, дигитализирани и ставени под заштита во депото на Кинотека на Македонија, сепак постои можност да се пронајдат и други, засега непознати остварувања на првите сниматели на Балканот, браќата Јанаки и Милтон Манаки.
Црн биланс во однос на загубени човечки животи на работно место. Во Македонија постојат европски закони за безбедност и заштита на работно место, но никој не ги почитува. Македонското здружение за заштита при работа бара граѓанските организации да ја пренесат пораката до работодавците за грижа кон своите вработени.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град