Викендов второ авионско прскање против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство во  сабота на 16 септември 2017 год. ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција)

 |   | 

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство во сабота на 16 септември 2017 год. ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција).

Запрашувањето  ќе започне  во  6 часот  и ќе трае до  830 часот. Истото  ќе се одвива на површина од  1500 хектари  и тоа на крајбрежјето на потегот од  с. Подмоље до населба Св. Наум и на територијата на град Охрид.

Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на 16 септември (сабота) 2017 год. да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.

Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top