За младите Охрид ќе го направиме перспективно место за живеење. Ќе се зголемува животниот стандард на граѓаните и ќе се привлекуваат младите кои ќе отпочнуваат развој на бизниси, порачуваат кандидатите за советници од СДСМ и коалицијата.
Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос, на првиот натпревар од новата сезона настапија со специјални дресови посветени на 100-годишниот јубилеј на фудбалот во Охрид.
Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека на 30-ти септември, сабота, во катедралниот храм „Света Софија“, со почеток во 09.00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. (Едноцрквие).
Центарот за јавно здравје од Охрид набави вакцините против сезонски грип. Имунизацијата против ова заразно заболување ќе започне на почетокот на октомври. Од оваа година се воведува новина при вакцинирањето па сите оние кои што се болни, хронични болни и се со телесен инвалидитет како и лица над 65год. ќе можат да бидат вакцинирани во нивните домови.
Невообичаено топло време кое ќе потрае до ноември, прогнозираат светски метеоролози
Денес кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата Јован Стојаноски на прес конференција најави мерки кои идната локална власт треба да ги спроведе за подобрување на туризмот во Охрид. Тој рече дека Охрид заслужува да биде најпосетената туристичка локација во светот, и нивната мисија била од Охрид да направат препознатлива и атрактивна дестинација која ќе биде бренд во туризмот.
Министерството за труд и за социјална политика го објави списокот на лица, корисници на пензија, кои ќе ја користат услугата на бањско-климатска рекреација за 2014 година.
Здрава исхрана за сите ученици од 1во до 5 то одделение на товар на буџетот на општината Охрид. Овој проект го најави кандидатот за советник Ангел Јанев, проект кој треба да го реализира кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, д-р Митко Тилевски, доколку ja добие довербата на граѓаните.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град