Децата се почесто жртви на дрогата и останатите наркотични супстанции. Здравствените работници кои се занимаваат со оваа проблематика сугерираат што повеќе да се обрне внимание на превенцијата. Велат дека со едукација на децата треба да се започне уште во градинките.
Најмладиот маратонец и пливачки гениј од Охрид, Марко Пејчиноски кој боледува од ретка болест односно има Perthes Disease на левиот колк од ногата на 4 Септември годинава во водите на Охридското Езеро ќе преплива соло пливачки маратон за ДЕЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ.
Краткорочно решение за справување со проблемот на кучињата скитници согласно постојната законска регулатива не би можело да се очекува, смета директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски. Тој вели дека тоа прашање не само што изискува соодветна опрема и добро обучен кадар, туку и поголема институционална заложба.
Изградбата на театар во Охрид на стенд бај. Нашиот театар е еден од театрите во Македонија кој функционира со најлоши услови за работа. Експертите од оваа област кажуваат во неколку наврати укажале дека на охридскиот театар му недостасуваат елементарни и професионални минимуми за работа.
Намирници кои при повторно подгревање стануваат токсични
Жителите на улица АСНОМ апелираат, никнува нов Мауцкер под објектот на стрелачкиот клуб во, Охрид. Шишиња, стар мебел, санитарија, облека, електрични апарати, расипана храна и градежен шут се расфрлани покрај патот. Граѓаните се револтирани и бараат најитно да се преземат мерки за спречување на нова депонија во урбаниот дел на општината.
Неделата во Врњачка Бања, Р. Србија, се одржа меѓународен танцов натпревар на кој учество зедоа над 1600 натпреватувачи. Дел од ова најголемо балканско танцово натпреварување беа и членовите на Студиото за танц “СОНАТА” од Охрид.
Локалната ќе им излезе во пресрет на жители од улицата „Вардар“ кои бараат на еден дел од неа да се вратат скаличките кои ги имало претходно. Ако неможе да се направат скали тогаш ќе се постават држачи кои ќе им го олеснуваат движењето по стрмната уличка. Држачи ќе се поставуваат и на други улички во стариот дел на градот каде движењето е отежнато.
Во период од неполни три месеци односно од јануари до вчера откриени се 11 нови случаи заболени од ХИВ-вирусот во нашата земја.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град