Локалната ќе им излезе во пресрет на жители од улицата „Вардар“

Локалната ќе им излезе во пресрет на жители од  улицата „Вардар“ кои бараат на еден дел од неа да се вратат скаличките кои ги имало претходно. Ако неможе да се направат скали тогаш ќе се постават држачи кои ќе им го олеснуваат движењето по стрмната уличка. Држачи ќе се поставуваат и на други улички во стариот дел на градот каде движењето е отежнато.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Локалната вети дека ќе им излезе во пресрет на 50-тината жители од Кошишта кои бараат на дел од улицата „Вардар“ да се вратат скаличките кои ги имало претходно на улицата. Граѓаните од Кошишта, од улиците Кирил и Методиј, Стив Наумов и Гоце Делчев пред извесно време доставија барање до редакцијата на ТВМ во кое наведуваат дека дел од улицата Вардар е изменета по изградбата на индивидуалната станбена зграда сопственост на поранешниот секретар на општина Охрид, Димитар Спасески, а ветил дека по завршување на градбата ќе ја врати улицата во првобитна состојба.
Она што е ДУП за овој потег е испочитуван докрај и тука таа улица е дефинирана како пешачка патека, ние сме свесни дека порано имаше поинаков облик и дека беше скалесто поставена патеката, а сега површината е равна и тоа им преставува тешкотија на граѓаните за да се движат во зимскиот период, но ДУП-от за оваа уличка не конкретизира каква треба да биде оваа уличка, вели Томе Џамтоски-портпарол на Општина Охрид.
Ангеле Буџакоски, претседател на МЗ Кошишта кажа дека пред два месеци, во период пред изборите, до Фондот за комунален развој поднесол барање да се вратат скаличките кои водат до црквата Св. Архангел Михаил. Од таму добил одговор дека скалички не може да се изградат, но ќе се постават држачи. Пред две недели истото барање на жителите Буџакоски го доставил и до новата Локална самоуправа во предлог програмата на МЗ за идните активности за 2018 година.
Сеуште до нас не е стигнатао таквото барање, но она што ме информираа нашите служби е дека сериозно ќе се разгледа овој проблем на граѓаните и ќе изнајдиме решение. Дополнително ќе се одлучи дали ќе се постави скалеста површина или пак ќе се стават држачи на околните ѕидови или ќе бидат прицврстени за патеката, објаснува Џамтоски.
Џамтоски кажува дека држачи ќе се поставуваат и на други улички во стариот дел на градот каде движењето е отежнато поради стрмниот терен. Најверојатно тоа ќе влезе и во годишната програма на Локалната која веќе се подготвува.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top