Изградбата на театар во Охрид на стенд бај

Изградбата на театар во Охрид на стенд бај. Нашиот театар е еден од театрите во Македонија кој функционира со најлоши услови за работа. Експертите од оваа област кажуваат во неколку наврати укажале дека на охридскиот театар му недостасуваат елементарни и професионални минимуми за работа.

 |  Николоска Биљана  | 

Нова театарска зграда е повеќе од потребна во туристичкиот бисер. Инфраструктурните подобрувања во постоечките објекти каде се одвива драмската уметност мора да биде приоритет на Министерството за култура, посебно за Охрид, смета Стрезо Стаматовски актуелниот директор на ЦК „Григор Прличев“.

Официјалниот став на министерството досега е дека не е блокирана туку дека е паузирана работата во однос на инфраструктурата, подобрување во Охрид, за реконструкција на постоечката зграда, временски не можама да ви кажам до кога. Освен 2-3 театри во Скопје кои што се привилегирани да работат на 25 степени скоро сите театри во Македонија работат на такви услови, така да нема некои изненадувања или како тие работат, сите сме навикнати да работиме на такви услови“.

Потребни се огромни промени во областа на театарот, смета Дејана Николовска, театарскиот режисер, дипломец на Московскиот Универзитет за драмска уметност. Таа имала прилика да работи во охридскиот театар и смета дека иницирањето за изградба на нов објект исклучиво за театарската уметнст е повеќе од неопходна.

Секој театар треба да има свој дом. Театарот не треба да биде во склоп на ниеден Центар за култура, а во Охрид мислам дека тоа е очигледно е со оглед дека тука се одржува реномираниот фестивал Охридско лето. Кога би постоел соодветен објект, зграда која би била наменета за театар би можела да конкурира и да донесе навистина позначајни театарски остварувања од светски ранг“ .

Преголемиот ентузијазам на менаџерскиот тим е она што во моментов го држи охридскиот театар да опстојува во минимум услови за работа. Фактот дека Охрид е жеден за театар е двигател за да се успее, а исто така и преполнетите студени сали и барањето карта повеќе, што секако дека и тоа не може да оди во недоглед велат од охридскиот театар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top