Јул 20, 2015

„На зајдисонце- 2015 “ во Трпејца

Од денес во Трпејца по четврти пат ќе се одржува културно- забавната манифестација „На зајдисонце“ 2015.


Фев 8, 2018

Средношколците од угостителско во посета на Барселона

Средношколците од угостителскот училиште „Ванчо Питошески“ во рамките на Еразмус плус образовната програма дваесет и еден ден престојуваа во Барселона, во реномираниот хотел Кампаниле. Тие покрај стекнувањето нови практични знаења и вештини, имаа можност да се дружат, да запознаат нови предели и култури.


Апр 2, 2014

Какви тајни крие „Црвената карпа“ на Кожуф планина?

Од дедовци и прадедовци сме слушале приказни дека во внатрешноста на црвената карпа има долги ходници во кои во минатото било скриено големо богатство, раскажуваат постари луѓе од овој крај за карпата која се наоѓа во близина на тиквешкото село Радња.


Фев 8, 2018

Се крчкаат предлог измени во Законите за угостителска и туристичка дејност

Во министерството за економија се крчкаат  предлог  измени во Законите за угостителска и туристичка дејност. Локалната самоуправа преку Тлер  организираше средба со туристичките агенции и  водичи за да се најдат соодветни решенија за намалување на проблемите. Туристичките субјекти од оваа бранша побараа  нова средба за  да ги  разгледаат измените и да достават свои квалитетни предлози за решавање на досегашните слабости.  


Ное 16, 2012

Протести пред општинската зграда во Струга

Родителите и децата од Подгорци бараат во Подгорци да се формираат паралелки на албански јазик.


Фев 7, 2018

Фатен разбојникот кој ограбуваше банки и казино

Со парите в раце фатен е разбојникот кој ограби 5 филијали на банки и едно казино. Од страна на полицијата во Кичево откако претходно изврши грабеж во експозитурата на „Шпаркасе банка“ во Кичево вчера е уапсен 34 годишниот Ч.Д. од струшкото село Ливада. Тој доби три кривични пријави поради основано сомнение дека е сторител на шест разбојништва во Охрид, Струга и Кичево.


Апр 2, 2011

90 години од првата фудбалска топка во Охрид

На денешната „Средба на генерациите“, Охрид одбележа 90 години од првиот фудбалски клуб и првата фудбалска топка во нашиот град. На овој настан присуствуваа околу 50тина имиња кои најмногу придонеле за охридскиот фудбал. Ова е прво случување од ваков вид во изминативе 90 години.


Дек 1, 2021

Стабилна состојбата со ковид-19 во Вевчани

Само 40 ковид позитивни пациенти во регионот на Здравствен дом Вевчани. Повеќето со лесна клиничка слика, нема хоспитализирани во ковид одделот. Речиси сите вработени во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ со седиште во Вевчани и две амбуланти во Велешта и Лабуништа се вакцинирани.


Фев 7, 2018

Охрид ќе биде домаќин на Европски куп и Балканско првенство во триатлон

Охрид ќе биде домаќин на Европски куп  и Балканско првенство во триатлон. Спортскиот настан ќе се одржи во септември, а се очекува на  натпреваруавањето да има над 300 спортисти  кои ќе пливаат , трчаат и возат велосипед. Техничката организација е на охридската  асоцијација „ Спорт за сите, сите за спорт“,  а поддршка ќе даде и Локалната самоуправа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top