Под мотото „Болести кои се пренесуваат преку вектори или вектор преносливи болести“ со напомена „Мал убод, голема закана“ денеска се одбележува 7 Април, Светски ден на здравјето.
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ 24 часа се на терен. Го чистат снегот кој овие два дена наврна во градов. Од ова претпријатие велат дека се подготвени и за нови врнежи, но апелираат и до граѓаните да си ја исполнат својата должност и да си го исчистат снегот пред своите домови и деловни простори.
И децата кои живеат во руралните средини не се поштедени од пороците на 21 век. О.У. Св. Климент Охридски, с. Мороишта Струга, го одбележа денот на детето. Активностите кои беа спроведени под мотото „Децата имаат право на детство“ беа во соработка со НВО „Езерка“, Струга.
Охридските волонтери на Црвен крст подготвени за помош на сограѓаните во зимски услови. Старите или изнемоштени луѓе кои имаат потреба од услуга неопходна за живот може да го завртат бројот на ОО ЦК. Од таму велат дека досега до нив нема пристигнато барање за помош.
НАТО соопшти дека се испраќаат дополнителни бродови и борбени авиони во источна Европа поради трупањето руски војници во близина на Украина.
Во Општина Охрид стручни служби работат на изготвување на една издржана сообраќајна анализа пред да се донесе летниот режим на сообраќај. Некои сообраќајни решенија во градов зависат токму од оваа анализа. Се чека нејзиното изготвување за да се распише тендерот за оператор кој ќе ја воведе смс наплатата на паркинзите во градов.
Сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, денеска ќе биде во прекин меѓу 11:00 и 14:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути.
Нашата земја е 70% планинска, а тоа значи дека има огромен потенцијал за развој на планинскиот туризам, за што пак е потребна професионализација и стандарди, сметаат од Македонската асоцијација на Интернационални водичи во планина. Од таму исто така посочија дека и без водичи во планина не може да се говори за планински туризам, бидејќи обучените водичи се гаранција за безбедност на клиентите, посебно за туристите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град