НАТО испраќа бродови и воени авиони во источна Европа

НАТО соопшти дека се испраќаат дополнителни бродови и борбени авиони во источна Европа поради трупањето руски војници во близина на Украина.

 |   | 

НАТО соопшти дека се испраќаат дополнителни бродови и борбени авиони во источна Европа поради трупањето руски војници во близина на Украина.

НАТО ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за заштита и одбрана на сите сојузници, вклучително и со зајакнување на источниот дел на Алијансата. Ние секогаш ќе одговориме на секое влошување на нашата безбедносна средина – се вели во соопштението на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Алијансата соопшти дека го зајакнува своето „застрашувачко“ присуство во областа на Балтичкото Море, бидејќи неколку членки понудиле војници и опрема. Во соопштението се посочуваат одлуките во изминатите денови на Данска да испрати фрегата и воени авиони на Балтикот, Шпанија да ги зајакне поморските распоредувања и Холандија да стави „брод и копнени единици на готовс“ на своите сили за брз одговор.

Франција ја изрази својата подготвеност да испрати војници во Романија под команда на НАТО – се наведува во соопштението.

Потегот дојде додека министрите за надворешни работи на Европската унија се обидуваат да покажат решеност за поддршка на Украина.

Сите членки на Европската унија се обединети. Покажуваме невидено единство за ситуацијата во Украина, со силна координација со САД – изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top