Продолжува традицијата на дарување 8 мартовски Охридски бисер од Филеви. На годинешното јубилејно дарување бисер најсреќна беше софијанката Цветка. Настанот се организира на различни локации за туристичко афирмирање на Охрид, а годинава изборот падна на Билјанини извори.
Во текот на изминативе месеци на градскиот стадион се изгради новата источна трибина, се постави модерно осветлување на теренот и сензорско наводнување на терените. По завршување на локалните избори ќе има повик и за нови градежни зафати за енергетска ефикасност на спортската сала.
Во маркетите се продава мед по смешни цени, кажуваат пчеларите. На пазарот цената на големо за килограм мед е 300 денари, а во малопродажната трговија купувачите купуваат ефтин лажен мед. Се појавуваат и други малверзации со тежината на медот кој се продава во тегли, предупредуваат пчеларите. Охридските пчелари одржаа годишно собрание, избраа ново раководство и членови на Управниот и Надзорниот одбор.
Одржано годишното Собрание на здружението на Пензионери на Охрид и Дебрца. Годишниот извештај покажува позитивно финансиско и материјално работење на органите во изминатата година. За охридските пензионери претстојат повеќе предизвици за подбрување на животот на оваа категорија граѓани. Здружението покрај другото ќе настојува на поголема грижа за старите и изнемоштени лица.
Студент од Сараево изуми револуционерна ракавица-џоистик за која е заинтересиран Microsoft
Погребалниот оператор „Две солзи“ ја обнови лиценцата за вршење дејност. Од Министерството за транспорт и врски, овој оператор добил дозвола и во наредните 5 години да врши погребални услуги на подрачјето на општина Охрид.
Компанијата „Ербас“ почна со реализација на еден од најзначајните проекти во областа на авионскиот сообраќај.
После отказните честитки на наставниците и полициските службеници за Нова година, нови честитки, овој пат за 8 Март, пристигнаа од СДСМ, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека нејасно е како кога има дефицит на кадар во јавните установи за згрижување на деца, да се бркаат вработени без никакви основи.
Денес, во Брисел се одржаа редовните ПАРП мултилатерални консултации помеѓу Политичко-партнерскиот комитет на НАТО и Република Македонија на кои присуствуваше и државниот секретар во Министерството за одбрана г-дин м-р Сашо Стефаноски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град