После 7 одржани концерти во Скопје, познатата македонска пејачка Каролина Гочева вечерва ќе го промовира нејзиниот најнов албум, „Извор“ пред охриѓани. Концертот е во организација на Фил Продукција од каде најавија дека се е подготвено за охридската промоција.
Рускиот виолинист Максим Венгеров, вечерва ќе го затвори музичкиот дел на програмата на 55. издание на „Охридско лето“.
Туристичките агенции, туроператори, водичи и приватни станиздавaчи и хотелиерите се сретнаа со претставници од Министерство за еконимија. Дискутираа за предлози во насока на поквалитетни решенија во Законите за угостителска и туристичка дејност, како и во законот за туристичка такса и привремен престој.
Партијата Демократски сили на Ромите, огранок Охрид по повод 8-ми Април Светскиот ден на Ромите и Државен празник во Република Македонија, на сите Роми им го честита празникот со желба за побрза интеграција во општествениот систем, подигнување на образовната и културна свест, намалување на сиромаштијата и севкупниот просперитет на Ромите во Р.Македонија.
Светскиот совет за одржлив туризам ги поставува и управува со глобалните стандарди за одржлив туризам
Струга доби две најсовремени возила за итна медицинска помош. Струшкиот Здравствен Дом е меѓу првите во државава кој својот возен парк го поднови со две од 69- те целосно опремени возила кои ги набави Мин. За здравство а беа наречени, подвижни болници .
Охридското Eзеро неколку денови исфрла отпад. Екипите на „Охридски Комуналец“, се приправни на градскиот кеј. Тие постојано го чистат отпадот за кој велат дека е од дивите депонии по коритата на реките кои се влеваат во езерото. Еколозите предупредуваат дека отпадот е опасен за живиот свет во Езерото бидејќи содржи хемикалии кои влегуваат во синџирот на исхрана.
Жените во АРМ иако ги има во многу мал број се вистински професионаци и се носат со голема одговорност рамо до рамо со мажите. Предизвикот да се биде на браникот на државата бара многу работа, дисциплина и посветеност. Мишела Маркоска старешина во центарот за обука на вода и нејзината колешка Елисавета Димитриеска се примери дека не постојат машки и женски професии.
Една фантастична четвртина и блесок на Леброн Џејмс беа доволни на Мајами да слави и во петтиот меч од полуфиналната серија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град