• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридските туристички субјекти се сретнаа со претставници од Министерство за еконимија

Охридските туристички субјекти се сретнаа со претставници од Министерство за еконимија

Туристичките агенции, туроператори,  водичи и приватни станиздавaчи и хотелиерите се сретнаа со претставници од Министерство за еконимија. Дискутираа за предлози во насока на поквалитетни  решенија во Законите за угостителска и туристичка дејност, како  и во законот за туристичка  такса и привремен престој. 

 |  Валентина Неловска  | 

Министерството за економија и охридските угостители и туристички работници ги пеглаат новите предлог измени во законот за угостителска и туристичка дејност, како и во законот за туристичка такса и привремен престој. Туристичките работници ќе предлагаат решенија за надминување на некои слабости за да се подобри климата за работа. На денешната дискусија претставници од ресорното министерство од прва рака ги запознаа со некои предлог измени кои ги бараат угостителите и туристичките работници од земјава. На денешната расправа охридските туристички агенции искажаа незадоволство од предлог решението кое се однесува за зголемување на давачките за лиценци.

„ За лиценца да се добие треба да се депонираатвисоки сума од 100-200 па дурии 300 илајди евра за осигрурување на аранжманите ,а агенциите во Охрид не се согалсуваат .Таа сума е голема и не секој може да ја обезбеди. Некои агенции само кои  е бројат на рака . Па се доаѓа до мислење дека некој сака да направи монопол неколку да го остварат тоа право и другите агенции да зависат од нив“, смета Јаким Маленко.

Томислав Бакулески , приватен станоиздавач од мал обем бара сузбивање на нелојаланата конкуренција и и поголема контрола од страна на инспекциските служби за наплатата на туристичкта такса.

„ Средување на инспекциските служби да ја вршат службата да има ред и да се почитува законот за туристичка такса и привремен престој“, напоменува Томислава Бакулески .

Шофкет Хазари државен советник во министерството за економија вели дека туристичките субјекти имаат различни интереси и свои проценки.Секој го гледа Законот во свој интерес како подобро да профитира. Ние тука сме да ги слушнеме сите гледишта, вели Хазари.

„ За да се хармонизираат барањата и локалната власт и ние како институции ќе дадеме придонес и ќе видиме колку може да се стават во законска рамка и подакти да не е оштетена ниедна страна.Тие се граѓани кои плаќаат порез и имаат право на тоа“, вели Хазари .
Охридскиот градоначалник Јован Стојаноски , напомена дека на јавните дебати и дискусии за измените и дополнувањата на трите закони ќе доаѓаат и претставници од Светска банка.

„ Затоа што Охрид го имаат лоцирано како развојна туристичка дестинација и да го поддржат во развојот и изготвување на Стратешки документи поврзани со развојот на туризмот во Охрид“, напомена Стојаноски.

Распаравата за измените на законите за угостителска и туристичка дејност, како и во законот за туристичка такса и привремен престој ќе има неколку фази и ќе трае еден месец.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top