Мар 27, 2018

Охридскиот театар со претставата „Аналфабет“ го одбележа Светскиот ден на театарот

Охридскиот народен театар со изведба на претставата „Аналфабет“ по текст од Бранислав Нушиќ во режија на Ѓорги Ризески, ќе го одбележи Интернационалниот ден на театарот. Директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“, Стрезо Стаматоски открива дека охридскиот театар бележи зголемување на посетеноста на претставите. Охрид е театарски град, а луѓето се гладни за културни настани од оваа сфера, вели Стаматоски.


Дек 27, 2012

На улица против власта и струшките социјалдемократи

Струшките социјалдемократи два дена ги блокираат главните крстосници во општината. Протестите продолжуваат и денес и утре во интерес на граѓните на Струга поточно во заштита на демократијата и слободата како основни човекови права загарантирани со Уставот на Р. Македонија, изјави претседателот на ОО на СДСМ.


Мар 27, 2018

Сметководителка од Охрид од клиентите украла 75000 евра

СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против 41-годишната Б.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „компјутерска измама“, „проневера  во службата“ и „фалсификување на службена исправа“.


Јун 1, 2011

Европско кошаркарско првенство во „Атина Бојаџи“

Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ пред нов предизвик. Овој пат тие ќе бидат домаќини на Европското првенство во кошарка во женска конкуренција до 20 години. 11 земји учеснички ќе ги бранат своите државни бои во нашата сала надевајќи се на добар пласман. Претставниците од Кошаркарската федерација на Македонија се надеваат на уште едно успешно првенство.


Дек 11, 2021

Расте бројот на жртви во силната бура низ САД

Силна бура се движи низ Соединетите Американски Држави. Таа досега погоди неколку држави и резултираше со смртни случаи и штети предизвикани од неколку торнада. Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар изјави дека торнадото кое го погоди Кентаки во изминативе 24 часа е најголемото досега во историјата на Кентаки. Тој додаде дека само уривањето на покривот во една од фабриките предизвика голем број на смртни случаи.


Мар 26, 2018

Продажбата на недвижности во Охрид е во благо опаѓање од околу 5 проценти

Продажбата на недвижности  во Охрид е во благо опаѓање од околу 5 проценти. Најбарани  и понатака се становите со помала квадратура, а ги купуваат нашите иселеници и луѓе од внатрешноста. На пазарот  се сочуваме со понуда на стари станови на кои им е потребно реновирање и  станови со лоша комунална инфраструктура без улици и тротоари, напоменуваат агентите за недвижности.   


Сеп 9, 2021

Народен театар Охрид утревечер ја започнува новата сезона

Со премиерата на претставата „Крик за љубов“ од Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид и Народниот театар Охрид ја започнуваат новата сезона.


Мар 26, 2018

Охридските млади фризери во чекор со модните трендови

Охридските млади фризери на Hair Fear 2018  ја покажаа својата креативност и вештина. Три награди завршија во рацете на охридските фризери. Беа прикажани гламурозни и авангардни женски и машки фризури во неколку дисциплини кои се потврда дека сме во чекор со светската мода.  


Мар 26, 2018

На дивата струшка депонија и понатаму се депонира отпад

Струшката депонија и понатаму голем проблем за стружани. Тие се скептични дека ќе се реализираат ветувањата на градоначалникот Рамиз Мерко и ќе биде дислоцирана до месец Мај. Решението за овој проблем е изградбата на регионална депонија. Од Министертсвото за животна средина не отстапуваатлокацијата на регионалната депонија да биде во општина Дебрца. Но, жителите на оваа општина на референдум рекоа НЕ за депонија во нивниот атар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top