Професор од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ е позитивен на Ковид-19. Според оценката на ризик направена од епидемиолог, ниту еден клас каде што професорот држел часови, нема да оди во изолација.
Ветениот Дом за стари лица никако да се изгради. Иако уште пред пет месеци требаше да отпочнат градежните работи на овој капитален објект, сеуште работите се на мртва точка. Пензионерите од Охрид кои денес го посетија Геријатриското одделение и им однесоа подароци на пациентите кои се згрижени таму, уште еднаш потсетија дека потребата од Дом за стари лица е огромна и дека редно е веќе некој сериозно да се зафати за овој проект.
За Охрид како туристичка дестинација се поголем е интересот и кај соседите во Албанија. Албанските туроператори и туристички агенции се подготвени да го нудат Охрид во своите аранжмани. Ова се потврди на одржаниот меѓународен туристички саем во Тирана каде што општина Охрид ја продолжи својата меѓународна промоција.
Наодите на Complian TV привлекоа внимание на Европската комисија
Атлетски Клуб “Охрид” заедно со Атлетската Федерација на Македонија на 28.04.2018 година со почеток во 13,00 часот за прв пат годинава ќе организира Меѓународен Меморијален Атлетски Митинг “Влатко Димитров” во чест на Проф. Влатко Димитров долгогодишен тренер на Атлетски Клуб “Охрид” и секако еден од најзаслужните за сите успеси на клубот а и општо на Македонската атлетика.
Државата го сече и продава. Шумите ги снемува, полицијата апси дрвокрадци, а се зборува за бизнис од вртоглави десетици милиони евра, пишува „Телма“.
Дали Охрид конечно ќе добие сообраќајна студија. Од Локалната велат дека сериозно се работи на прибирање податоци за изготвување на оваа студија и дека до наредната година би требало да се направи. Моментално завршува тендерот распишан за утврдување на режимот на сообраќај кој оваа година ќе се прави врз претходно спроведено снимање на охридските сообраќајници.
Националното здружение на граѓани со Хемофилија –„Хемолог“ како и секоја одина така и оваа ќе го прослави Светскиот ден на Хемофилија на 17ти Април.
Со СМС или со грепка до паркинг место, во Охрид. Најдоцна до 20 мај, во нашиот град ќе отпочне начинот на наплата за паркирање преку СМС порака, обелоденува директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска. Таа смета дека со тоа ќе се стави поголем ред во паркирањето, а за гостите од странство пак кои сакаат да паркираат ќе има грепки.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град