Професор од охридската гимназија позитивен на Ковид-19

Професор од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ е позитивен на Ковид-19. Според оценката на ризик направена од епидемиолог, ниту еден клас каде што професорот држел часови, нема да оди во изолација.

 |   | 

Еден професор е позитивен на Ковид 19 во охридската гимназија „Св. Климент Охридски”. Ниту еден од класовите каде што професорот држел часови нема да оди во 14 дневна изолација, според оценката на ризик направена од епидемиологот од Центарот за јавно здравје Охрид.

На територија на Општина Охрид , засега единствен случај на изолација на ученици е оној во ОУ Христо Узунов, каде 18 ученици од 7мо одделение се во изолација од пред 3 дена откако еден од учениците бил позитивен на вирусот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top