Македонија бележи зголемена посетеност и ноќевања од туристи но нема соодветна уплата на туристичката такса. Тоа повлекува затајување на други давачки, а локалните инспектори се без ингеренции. Со законските измани во законот за туристичка дејност зрел е момент е да се направат и во тој дел промени најавува директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Тие ќе бидат униформирани, ќе имаат право на лице место да идентификуваат и доколку е потребно да изрекуваат мандатни глоби во висина од 50 евра за прекршителите на комуналениот ред.
Еколошките вредности на Дебрца, посебно од Белчишкото блато ќе бидат сместени во музеј. За таа цел комплетно ќе биде реконструиран објектот на некогашната касарна во село Белчишта. Станува збор за прекуграничен проект кој Дебрца ќе го реализира со општина Терми од Р. Грција.
Студенскиот дом „Никола Карев“ ќе работи со полн капацитет оваа академска година. За станарите на домот ќе важат протоколи за спречување на пандемијата според препораките на Комисијата за заразни болести. Студентите кои ќе се сместат во домот мора да ги почитуваат правилата меѓу кои се забраната за групирање на станарите и посетите во домот.
Доцни ларвицидното прскање против комарци, во Охрид. Тоа е поради неповолните временски прилики проследени со обилни дождови, информираат од Центарот за Јавно здравје. Ќе се прска наредната недела и тоа со еколошко биолошки прпарат кој не е штетен за околината и останатите инсекти.
Написот „Дали во Битола се тргува со работни места за гласови?“се темели на текст односно список од непознат автор. Главната проблематичност на овој документ е во тоа што не е веродостоен. Овој текст ја има за извор цитирано објавата на Твитер од Битолски сеир, каде е објавена фотографија којашто содржи текст каде пишува дека актуелната министерка за одбрана и носителка на листа во ИЕ5 , Радмила Шекеринска на 5 јули треба да оствари средба заедно со Соња Карапец, Синиша Матевски и Ице Дамјановски со наводно гласачи на СДСМ кои не се вработени и бараат СДСМ да ги вработи.
Како дел од активностите за одбележување на Неделата на солидарност, од денеска до 22ри април, охридскиот Црвен крст организира хуманитарно собирна акција „Вашиот прилог значајна помош“.
Универзитетот МИТ се промовира пред охридските средношколци. Концептот на преставување е многу креативен и за прв пат е направен во земјава. Во рамките на промотивните активности оваа високообразовна институцуија го реализира и проектот „МИТ Универзитет ги избира најкомплетниот матурант во РМ“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град