Жители се жалат дека ул. Марко Цепенков стана паркинг простор

Жителите на улицата Марко Цепенков во месноста Видобишта реагираат дека нивната улица стана паркинг простор. 

 |   | 

Улицата Марко Цепенков која се наоѓа во населбата Видобишта стана паркинг простор, реагираат жителите. Тие преку рубриката „Ти си твојот град“ бараат одговор од надлежните во врска со нивниот проблем. Ова е нивниот коментар.

-Ме интересира дали можете да дојдете до информација во врска со улицата „Марко Цепенков” во месноста Видобишта, дали истата откако беше реконструирана дел од неа беше предвиден за паркинг простор или можеби да проверите дали надлежноста на сообраќајната полиција од Охрид не се протега до Видобишта, можеби СВР Охрид нема надлежност надвор од централното градско јадро или можеби пајак службата поради непристапноста на теренот не може да реагира…или ќе чекаме некој нов НАТО или ЕУ самит во блиска иднина да се одржи во Видобишта па надлежните служби да реагираат…

 
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top