Во склоп на „Ти си твојот град“ и секако со помош на нашите читатели, ги запознаваме и скриените убавини на Охрид. Убава фотографија од едно прекрасни свето место, Света Тројца Велестово.
Андријана Ристевска во рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати слика од прекрасното свето место Света Тројца Велестово. Еве што напиша таа под фотографијата:
Би сакала да споделам една убава локација за прошетка во околината на Охрид. Црква Св.Тројца Велестово црква која ве освојува веднаш по пристигнувањето. Црквата има одлична местоположба која е надополнета со живописна природа и непречен поглед на Охридското езеро. Срдечно ја препорачувам за луѓе кои сакаат пешачење( се стигнува за околу 55 мин).
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град