Св. Богородица-Заум

Црквата Св. Богородица-Заум се наоѓа на источниот брег од Охридското езеро, во непосредна близина на селото Трпејца. Сместена е во многу тешко пристапно место, но е доста посетувана од Охриѓани и гостите.

Во рубриката „Ти си твојот град“, Теодора Нанеска ни испрати слики од ова прекрасно свето место.

Убавина која не се опишува со зборови. Прекрасно место, каде што ќе најдете душевен мир и спокој. Сликите ги направивме од чамец, па може да се види и преубавата боја на нашето езеро – вели Нанеска.

Богородица, заум, СВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top