Саниран проблемот со бандерата на улицата „Егејска“, веднаш откако беа објавени слики во рубриката „Ти си твојот град“.
Откако беше објавено во рубриката „Ти си твојот град“, веднаш е саниран проблемот со бандерата на улицата „Егејска“. Станува збор за бандера за улично осветлување на улицата Егејска, која после заменувањето со нова, не беше вратена во првобитната состојба и беше оставена со нерамнини и дупка.
Жителите се задоволни од брзата реакција на надлежните.
Ви благодарам на вашата заинтересираност и реакција. Благодарност и до службите на локалната власт во Охрид. Екпресно го санираа проблемот – вели Стојче Тасески, кој ни ги испрати сликите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град