Повторно некултура и негрижа овојпат кај каналот „Студенчишта“

Повторно некултура и негрижа од нас самите. Расфрлано ѓубре на зелените паркови кај каналот Студенчишта. „Наместо да пешачиме и да спортуваме уживајќи во природата, ние го вдишуваме овој смет околу нас, вели нашата сограѓанка Александра Маркоска која ги испрати сликите до „Ти си твојот град“.

 |   | 

Повторно некултура и негрижа од нас самите. Овојпат до рубриката „Ти си твојот град“ изреволтирана наша сограѓанка испрати слики од каналот Студенчишта. На нив се гледа расфрлано ѓубре од несовесни лица по уредените паркови и во водата. Ова е нејзиниот коментар:

Искрено ми е многу жал што бев дел од овој непријатен призор. Толку труд беше вложен за да се среди овој дел од градот, а сега е целосно загаден од страна на несовесни поединци. Наместо да пешачиме и да спортуваме уживајќи во природата, ние го вдишуваме овој смет околу нас. Срамота е за нас како охриѓани што не си го чуваме воопшто нашиот бисер како што доликува – вели Александра Маркоска за „Ти си твојот град“.

 
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top