Поправена бандерата на улицата „Питу Гули“

Откако беше објавено во рубриката „Ти си твојот град“ дека жителите на улицата Питу Гули немаат улично осветлување поради проблем со бандера, која е уништена по сообраќајна несреќа, следниот ден бандерата е поправена, известуваат нашите сограѓани.

 |   | 

Наши сограѓани кои живеат на улицата Питу Гули во Охрид, испратија известување до редакцијата на ТВМ дека нивниот проблем кој беше објавен во „Ти си твојот град“, веќе следниот ден е саниран. 

Да потсетиме, стануваше збор за уништена бандера покрај која беа оставени кабли и арматура и која претставуваше опасност за дечињата кои се движат во тој дел на градот.

ОШТЕТЕНА БАНДЕРА, КАБЛИ, АРМАТУРА НА УЛИЦАТА ПИТУ ГУЛИ

Истотака, поради таа бандера срушена во сообраќајна несреќа пред повеќе од еден месец, жителите на Питу Гули немале улично осветлување. Проблемот е решен, бандерата е санирана, но непрофесионално, вели Љупчо Стојановски за „Ти си твојот град“.

После реакцијата за оштетената бандера и благодарение на објавата на ТВМ, веќе следниот ден истата беше санирана. Но, сепак непрофесионално завршена работа околу електриката колку што може да се види на сликите – пишува Стојановски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top