Post Views: 1
Откако беше објавено во рубриката „Ти си твојот град“, веднаш е саниран проблемот со бандерата на улицата „Егејска“. Станува збор за бандера за улично осветлување на улицата Егејска, која после заменувањето со нова, не беше вратена во првобитната состојба и беше оставена со нерамнини и дупка.
Жителите се задоволни од брзата реакција на надлежните.
Ви благодарам на вашата заинтересираност и реакција. Благодарност и до службите на локалната власт во Охрид. Екпресно го санираа проблемот – вели Стојче Тасески, кој ни ги испрати сликите.
Post Views: 11
Стојче Тасески во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ испрати слики од бандера за улично осветлување на улицата Егејска, која после заменувањето со нова, не е вратена во првобитната состојба. Еве го неговиот коментар.
Се работи за бандера за улично осветлување. На нејзино место имаше бетонска бандера која се искриви и мораше да биде заменета за нова. При заменувањето беше ископана дупка и беа растргани бекатон плочките. Сега е поставена нова бандера, но не се поставени бекатонките одоколу, се разместуваат и другите одоколу (се отвараат нерамнини и дупка). Надлежна...
Post Views: 135
Црквата Св. Богородица-Заум се наоѓа на источниот брег од Охридското езеро, во непосредна близина на селото Трпејца. Сместена е во многу тешко пристапно место, но е доста посетувана од Охриѓани и гостите.
Во рубриката „Ти си твојот град“, Теодора Нанеска ни испрати слики од ова прекрасно свето место.
Убавина која не се опишува со зборови. Прекрасно место, каде што ќе најдете душевен мир и спокој. Сликите ги направивме од чамец, па може да се види и преубавата боја на нашето езеро – вели Нанеска.
Post Views: 5
По повод празникот Св. Климент Охридски, Виолета Карадимче Јанева за „Ти си твојот град“ испрати слики и текст со кој ќе не врати назад низ годините и ќе не потсети на едно убаво време.
„Учителу наш, допушти твоите ученици да бидат подобри од тебе, но направи им го тој пат што потежок со Твојата огромна мудрост.“ – Венко Андоновски
Во време кога светската пандемија длабоко го промени целокупниот живот, бараме разни начини за релаксација. Прошетките, посебно крај брегот на “Белото езеро”, се лек за сечија душа. А погледот кон Калето секогаш запира на една посебна градба...
Post Views: 35
Виолета Стојаноска за рубриката „Ти си твојот град“ испрати слики од една од најатрактивните охридски плажи, Лабино.
-Прекрасен ден за прошетка по Охридското езеро. Шетајќи, наидовме на прекрасна глетка кај плажата Лабино која важи за една од најубавите охридски плажи. Лабино беше исполнета со голем број на туристи кои уживаа на плажата. Оние кои не го посетиле ова место, веднаш нека го направат тоа, навистина има што да видат. Инаку, сликите се направени од чамец – вели Стојаноска.
Post Views: 3
Александар Карадимче ни испрати слика во рубриката „Ти си твојот град“, преку која реагира на несовесните граѓани кои паркираат каде што ќе им текне. Ова е неговиот коментар:
Знам дека има многу слични ситуации со паркирање на тротоар, но ова е претерано. Не можеме безбедно да се движиме по тротоарите на Булевар АСНОМ во Охрид – вели Карадимче.
Post Views: 13
Манастирскиот комплекс Св. Наум е опкружен со божествена природа и зрачи со убавина, култура, историја и традиција. Св. Наум е место кое ќе ве восхити со неговата убавина, а таму ќе најдете и душевен мир.
Манастирот го красат и преубавите пауни или рајски птици кои се сметаат за симбол на христијанството и кои ги има во изобилство. Криковите на овие горди птици со шарени пердуви се слушаат многу далеку.
Токму нив ги имаме во „Ти си твојот град“, а сликите ни ги испрати Воскре Јосифоска.
Post Views: 87
Уште една интересна атракција за оваа туристичка сезона во нашиот Охрид. Во рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од педалинка, со маска на популарната фолксваген БУБА, во водите на Охридското езеро кај Горица прва.
Post Views: 8
Никола Дуданов во склоп на „Ти си твојот град“ ни испрати слика од непрописно паркирано возило во центарот на Охрид.
Како се „паркираат“ во мојот град? – прашува нашиот сограѓанин.
Post Views: 4
Жители на улицата „Питу Гули“ реагираат дека педесетина деца го користат игралиштето во ОУ „Христо Узунов“. Велат дека игралиштето е во рамки на училиштето и е од затворен тип. Слика и видео испратија до рубриката „Ти си твојот град“.
Веќе подолг период се собираат над 50 деца на игралиште кое треба да е од затворен тип. Нема ниту физичка ниту техничка заштита. Па секој ден по неколку пати паѓаат топки, по закон ова е училишен двор и не смее да се задржуваат во училишниот двор. Сите се глуви за овој проблем и директорката и локалната и инспектори. Сите викаат дека не...
Post Views: 1
Охриѓани како да се натпреваруваат кој повеќе ќе попречи во слободното движење на пешаците. Овој пат во рубриката „Ти си твојот град“ фотографија од Енис Ути на која се гледа непрописно паркирано возило. Ем го попречува движењето на пешаците на тротоарот, ем го блокира пешачкиот премин.
Post Views: 4
Доколку живеете во една од општините Охрид, Струга, Вевчани или Дебарца, Ве молиме одговорете го овој прашалник и помогнете нѝ да откриваме урбанистички проблеми и да ги анимираме надлежните институции за решавање на истите.
Прашалникот можете да го пополнете ТУКА.
Сама по себе урбанизацијата е потребна, но, кога животите и здравјето на граѓаните и нивното секојдневно функционирање се нарушени, а мала група на моќници профитираат од градежните активности, узурпација и лошите планирања, тогаш станува збор за кршење на законите.
За жал, во нашата земја години наназад...