„Дивеење“ со мотори во доцните часови низ улиците на Охрид

Post Views: 6 Љуба Алекс преку рубриката  „Ти си твојот град“ споделува со јавноста еден доста значаен проблем со кој се соочуваме сите ние во текот на летната сезона во Охрид. Големата бучава од „трки“ со мотори во доцните часови, најчесто предизвикана од млади лица. Ова е нејзиниот коментар: Токму во екот на туристичката сезона во Охрид, кога градот е полн со туристи, особено во доцните ноќни часови, се забележува голема бучава од моторцикли (мотори) кои ги возат млади луѓе. Бучавата доаѓа оттаму што тие заради мода или престиж ги турираат своите мотори со цел да предизвикаат што...

Continue reading

Ѓубре и неред „Кај Паднатине“

Post Views: 25 Сашо Трајкоски испрати слики до рубриката „Ти си твојот град“ на кои се гледа неред и расфрлан отпад „Кај Паднатине“. Ова е неговиот коментар: Луѓе красат, луѓе гнасат…Некој се потрудил и направил убаво уредено место за одмор, ама за кого? Некултурата и безобразието ќе не дотолчат – вели Трајкоски, за „Ти си твојот град“. Бидете и вие дел од #ТиСиТвојотГрад, Вашите слики и видеа испратете ги на нашата меил адреса: tisitvojotgrad@tvm.mk. Со вашето учество, станувате добитник на вредносен ваучер.

Continue reading

Пријави, одговори, вклучи се – генерален повик до граѓаните

Post Views: 6 Пријавете лоши практики и однесување, непочитување на законите, криминал, корупција, недоследности, предизвици, секојдневни проблеми од општественото и социјалното живеење во Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца. Од Вас очекуваме предлози и сугестии за теми кои сакате да ги обработуваме. Вашата анонимност е загарантирана, освен во случај вие да сакате јавно да говорите. Затоа што нам ни е важно Вашето мислење!   iFrameResize({}, '.webform-share-iframe');  

Continue reading

Одговорете на нашиот прашалник на тема образование

Post Views: 12 Образованието е темел на секое здраво општество, тоа ги обликува идните генерации, просперитетот и иднината на земјата. ТВМ анализира каков е нашиот образовен систем, но и како да го подобриме орбазовниот процес. Доколку живеете во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца наведете ги проблемите со кои вие како родители, ученици или наставен кадар се соочувате во образовниот процес. За да предизвикаме позитивни промени клучно е Вашето мислење, затоа одговорете на нашите прашања.   iFrameResize({}, '.webform-share-iframe');  

Continue reading

„СПОМЕНИК“ во центарот на Охрид

Post Views: 17 До рубриката „Ти си твојот град“ пристигна слика од една не многу пријатна ситуација во центарот на Охрид. Љубинка Петрушевска која ја испрати сликата вели дека на местото каде што пред извесно време изгоре позната сендвичара, останал само еден „СПОМЕНИК“, односно Полско WC кое покрај гостите на сендвичарата го користеле и случајните минувачи. Ова е нејзиниот коментар: Минатиот месец изгоре сендвичарата ВИЛИ, во центарот на Охрид да улицата Димитар Влахов, во близина на Општинската зграда. Причина за пожарот беше палењето на отпадните гасови од горење на јаглен за...

Continue reading

Голема дупка опасна за возачите на патот Пештани-Охрид

Post Views: 11 Билјана Гаврилоска во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати слика на која се гледа голема дупка на патот Пештани-Охрид, која што е доста опасна за возачите и сообраќајот на овој дел. Дупката се наоѓа на излезот од Пештани кога се движиме накај Охрид и е опасна бидејќи е длабока и мора самото возило да се префрли на другата лента за да ја одбегне, што сметам дека е опасно за сообраќајот – вели Гаврилоска.    

Continue reading

Прекин на системот за наводнување на јавно зеленило на Туристичка

Post Views: 7 Наша сограѓанка во склоп на „Ти си твојот град“ информира за прекин на системот за наводнување на јавно зеленило на улицата Туристичка. Даниела Сакова која ни ги испрати сликите апелира до надлежните да го решат проблемот. –Во прилог ви испраќам слики кои се направени вчеравечер на ул. Туристичка пред спортската сала во училиштето Григор Прличев. Извадена од земјата се гледаат цревата за довод на вода на младите дрвца на систем капка по капка. Не ми е јасно на кого му сметале, а се веднаш пред училиштето од страната на ул. Туристичка. Се надевам дека надлежните...

Continue reading

Нова дива депонија во населбата Расадник

Post Views: 7 Жители на населбата Расадник реагираат на новата дива депонија која што е лоцирана позади трафостаницата кај Бејбунар. Овој проблем тие го споделија во рубриката „Ти си твојот град“. Сликата ја испрати Соња Силјаноска. Дивата депонија се наоѓа во населба Расадник, лоцирана позади трафостаницата во областа Бејбинар. Комплексот е составен од скоро 12-тина згради кои се соочуваат со многу урбанистички и инфраструктурни проблеми. Имено, целиот тој комплекс згради нема зелен парк каде жителите на оваа населба, независно на возраста, ќе уживаат во зеленилото, дрвјата и цветните...

Continue reading

Сокаче на улицата „Абас Емин“ оставено во лоша состојба

Post Views: 6 Секојдневно во рубриката „Ти си твојот град“ пристигнуваат слики од несредени и оставени во лоша состојба улички и сокачиња низ Охрид. Антонио Симоноски реагира на ископано сокаче на улицата Абас Емин. Ова е неговиот коментар: Еве некои слики од „завршената“ улица Абас Емин. Ја ископаа пред 4 месеци и сеуште е иста – вели Симоноски.

Continue reading

Паднати кабли низ Охрид

Post Views: 7 Билјана Митреска ни испрати слики за рубриката „Ти си твојот град“ на кои се гледаат паднати кабли низ повеќе делови на Охрид. Еве го нејзиниот коментар: Паднати кабли низ цел град. Чии се? На ЕВН, Телеком, кабелските оператори….. Ви испраќам слики од ул.„Даме Груев” (Карабего маала) каде каблите се паднати толку ниско што можат да се фатат со рака, а еден дури е скинат и лежи на тротоарот. Другите слики се од ул.„Богомилска”, на место каде постојано си играат деца. Овој проблем не е само на овие две локации, туку низ цел град – вели Митреск...

Continue reading

Кога ќе се среди сокачето на улицата 7-ми ноември?!

Post Views: 4 Во рубриката „Ти си твојот град“ секојдневно пристигнуваат слики од различни проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Охрид. Весна Шопоска ни испрати слики од сокаче на улицата 7-ми ноември кое долги години е оставено во лоша состојба. Еве го и нејзиниот коментар околу состојбата. 7 Ноември во срцето на Охрид. Сокаче со две згради и три куќи. Пристап никаков, чистење од Комуналец еднаш на две години. Еден ден и руинираните ѕидови ќе паднат врз минувачите. Прашање е дали и кога ќе се среди ова сокаче? – напиша Шопоска.

Continue reading

Тротоарите во близина на Билјанини извори се во лоша состојба

Post Views: 7 Игор Климовски во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ испрати фотографија од тротоар во близина на СРЦ Билјанини извори. Вели дека со години овие тротоари се оставени несредени и во лоша состојба. Ова е неговиот коментар. 20 години од кога знам за мене, бекатонот фалит. Место пред бензиската Билјанини извори ( правец Охрид-Пештани) и едната и другата страна се катастрофа.  

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top