Во рубриката „Ти си твојот град“ пристигна слика од оштетена бандера на улицата Питу Гули. Жителите велат дека повеќе од месец дена немаат улично осветлување, а каблите и арматурата од бандерата претставуваат опасност за минувачите, посебно за децата од овој дел на градот.
Љупчо Стојановски испрати слика во рубриката „Ти си твојот град“ на која се гледа доста оштетена бандера на улицата Питу Гули во Охрид. Ова е неговиот коментар:
На улица Питу Гули повеќе од месец дена сме без улично осветлување. Бандерата со број 2890 беше оштетена во сообраќајна несреќа и сеуште не е поправена. Оставени се така каблите и арматурата од бандерата. Ова претставува потенцијална опасност за минувачите, а навечер е темно и небезбедно за пешачите. Ве молам што побрзо да го документирате овој случај бидејќи веќе е почната школската година и многу деца минуваат по оваа улица – вели Стојановски за „Ти си твојот град“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град