Денес во „Ти си твојот град“ ни пристигнаа прекрасни слики од срцето кое се наоѓа на Градскиот плоштад во Охрид.
Иако во текот на изминатите денови за рубриката „Ти си твојот град“ пристигнуваа слики со кои граѓаните на Охрид, но и жителите на околните места ги посочуваа лошите практики, како расфрлан отпад на јавни површини, несредени приватни површини кои се наоѓаат во центарот на Охрид, а се обраснати со трева и трња, елитни населби оставени во лоша состојбаи слично, денес наш сограѓанин ни ја покажува и убавата страна на Охрид.
На неговите слики остави и коментар:
„Охридското срце на Св.Наум Охридски, Св.Климент Охридски и Св.Кирил и Методиј“
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град