Наш сограѓанин испрати слика до „Ти си твојот град“ реагирајќи дека училишното игралиште во ОУ Христо Узунов не треба да се користи бидејќи е од затворен тип.
Жители на улицата „Питу Гули“ реагираат дека педесетина деца го користат игралиштето во ОУ „Христо Узунов“. Велат дека игралиштето е во рамки на училиштето и е од затворен тип. Слика и видео испратија до рубриката „Ти си твојот град“.
Веќе подолг период се собираат над 50 деца на игралиште кое треба да е од затворен тип. Нема ниту физичка ниту техничка заштита. Па секој ден по неколку пати паѓаат топки, по закон ова е училишен двор и не смее да се задржуваат во училишниот двор. Сите се глуви за овој проблем и директорката и локалната и инспектори. Сите викаат дека не треба да се дозволи ова, а сите молчат. Се знае тоа дека Христо Узунов е црна точка – вели нашиот сограѓанин.
На следниот линк погледнете го и видеото !
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град