Излеана непозната течност во водите на езерото

Граѓани на Охрид преку „Ти си твојот град“ известуваат за излеана непозната течност во водите на Охридското езеро, односно на Градскиот Кеј.

 |   | 

Во текот на вчерашниот ден, граѓани на Охрид забележале дека е излеана непозната течност во водите на Охридското езеро, поточно на Охридскиот Кеј на потегот од хотел Милениум до хотел Ројал. По пријава на наши сограѓани, екологистите на „Грашница“ излегоа на лице место при што ја констатираа посочената состојба и испратија слики до редакцијата „Ти си твојот град“. По преземената интервенција од страна на ЕД „Грашница“, во најскоро време очекуваме расветлување на еколошкиот инцидент.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top