Македонското “Сен Тропе” или нашата прекрасна Трпејца е едно од најубавите места во околината на Охрид.
Освен прекрасната чиста вода и живописната природа, во ова место има многу повеќе. Кети Ангелоска ни испрати слики од ова атрактивно место за рубриката „Ти си твојот град“, а заедно со нив остави и коментар :
–На сликите е прикажана и пештерската црква св. Никола, до која се доаѓа само од езерска страна, како и познатиот манастир Св. Богородица Заумска – Заум, до кој исто така се пристигнува само со чамец. Недопрените приватни плажи меѓу Трпејца и Заум, како и смарагдната боја на езерото во овој дел, само го надополнуваат прекрасното доживување и се рај за очите. Чести посетители тука се и ретките птици кои не можеме да ги видиме на познатите и посетени плажи. На последната слика е изворот „Тушима“ од каде што постојано извира чиста, ладна вода. Во негова близина најчесто се мрести познатата охридска пастрмка.-објаснува Ангелоска.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град