До кога „Рамстор“ ќе ги узурпира тротоарите пред објектите?!

Од најновите фотографии кои пристигнаа до рубриката „Ти си твојот град“ се воспостави дека навистина се узурпираат тротоарите и јавната површина пред маркетот „Рамстор“ на Туристичка. Граѓаните прашуваат : До кога „Рамстор“ ќе продолжи со ваквата узурпација на јавни површини?!

 |   | 

Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ по жалби од граѓани, во неколку наврати ве информиравме дека се узурпираат тротоарите пред објектите на маркетите „Рамстор“ во Охрид“.

Пред извесен период кога се отвораше новиот маркет „Рамстор“ на булеварот Туристичка, имавме објавено видео снимка од хаосот пред маркетот, а граѓаните беа со поделени мислења. Едни коментираа дека не се узурпира тротоарот, се местел маркетот за отворањето, а други дека се узурпира јавната површина.

Но, од најновите фотографии и видео направени денес пред маркетот, се воспостави дека навистина се узурпираат тротоарите и јавната површина.

Видеото може да го погледнете на следниот линк

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top