Џунгла во центарот на Охрид

„Змијарник“ до Музичкото училиште „Методи Патче“. Граѓани апелираат до Општината и ЈП Охридски комуналец да го решат овој голем проблем.

 |   | 

Секојдневно до нашата редакција пристигнуваат фотографии во склоп на проектот „Ти си твојот град“, од убави моменти, до лоши практики. Она што денес ни пристигна е една доста лоша слика за нашиот град кој важи за еден од најпознатите туристички центри на Балканот и пошироко. Наш сограѓанин кој ги испрати сликите, остави и коментар кој гласи:

До ОМУ Методи Патче на бул Туристичка “змијарник “. Општина може да издаде налог на комуналното претпријатие да се искоси тревата и трњата и ако е приватен имот да му се фактурира на господинот.

Во продолжение погледнете ги фотографиите!

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top