Во рубриката „Ти си твојот град“ слики испрати Диме Стеваноски, а на нив се гледа дел од улицата „Ристо Чадо“ во населбата Видобишта кој што е во многу лоша состојба. Како што вели Диме, тој и неговите соседи не можат да си влезат во своите од домови од барите кои се формираат после врнежите од дожд.
Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува ТВМ Телевизија, ни пристигнаа слики од нашиот сограѓанин Диме Стеваноски. Тој реагира на проблем кој што го имаат на дел од улицата „Ристо Чадо“ во населбата Видобишта во Охрид.
Имено, од сликите може да видиме дека станува збор за раскопана улица во многу лоша состојба, а ова е неговиот коментар :
Во моите 50-тина години немаме пристапен пат, се молиме до сите градоначалници, слух нема никој за нашиот проблем. Куќи со платени комунали, пат нема зошто Општината го преименува патот на друга локација по урбанистички план, а сеуште истиот не е спроведен и немаме пат до нашите куќи, се давиме во бари. Го молиме Градоначалникот да ја спроведе еспропријацијата и да ни овозможи слободно да одиме до нашите куќи – вели Стеваноски за „Ти си твојот град“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град