„Болнички комплекс“ со години во лоша состојба

„Болнички комплекс“ со години е во лоша состојба, велат жителите на овој дел од градот.

 |   | 

Секојдневно во рубриката „Ти си твојот град“ пристигнуваат слики од револтирани граѓани кои бараат решение за нивните проблеми. Најнови се денешните слики од околината на Болничкиот комплекс. Во продолжение прочитајте го коментарот на жител од оваа населба.

Сликите кои Ви ги испраќам во прилог, иако не изгледа така, се од еден урбан дел од градот. Барем така би требало да биде. Тоа е т.н. населба “Болнички комплекс” , односно комплекс од десетина згради и три-четири индивидуални куќи кој се протега од задниот дел (северно) од болницата, до улица “Момчило Јорданоски”. Прашина или кал, во зависност од временските услови, се нашето секојдневие. За овој децениски проблем многу пати е реагирано на најразлични начини до локалната самоуправа (сите градоначалници), но не само што нема решение, туку нема ниту било каков одговор или реакција од нивна страна. Се надевам дека преку Вашиот проект ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД ќе придонесете за популаризација на овој проблем и ќе ни се придружите во притисокот врз институциите за негово решавање.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top